- Македонски
- English
Синдикатот за градежништво - СГИП ја одржа својата 7 зимска школа за млади на тема ,,Платите и инфлацијата во државата наспроти синдикалната минимална кошница".
На зимската школа учествуваа 30 млади синдикалистки и синдикалисти од компаниите членови на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија кои имаа можност да се запознаат со начинот на пресметување на Синдикалната минимална кошница и за начинот на кој ќе се зголеми минималната плата во март идната година.
Учесниците беа запознаени и со дигиталните алатки на ССМ кои како млади синдикалци можат да ги употребуваат.
Став на Синдикатот СГИП е дека платите во секторот градежништво, индустрија за градежни материјали и шумарство задолжително мораат да растат, младите градежни работници и инженери сакаат да останат и да ја градат Државата како што тоа го прават години наназад, а доколку државата не ги ангажира домашните компании и фаворизира странски, тогаш и нашиот квалификуван кадар ќе биде принуден да гради странски држави.
ПЛАТИТЕ ДА ПОРАСНАТ, МЛАДИТЕ ДА ОСТАНАТ!