Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Конгрес

Конгресот е највисок  орган на ССМ. Конгресот се одржува еднаш на 5 години.

Одлука за одржување на Конгрес на ССМ, на предлог на Претседателството на ССМ донесува Советот на ССМ најмалку 1 месец пред неговото одржување и предлага дневен ред.

Конгресот го сочинуваат делегати избрани од синдикатите и делегати по функција. Бројот на делегатите го утврдува Советот на ССМ врз основа на  членарината на членовите што синдикатите редовно ја уплаќаат во ССМ во текот на меѓуконгресниот период и врз таа основа на бројот на членовите на синдикатите што ги имаат пријавено во Советот на ССМ и во Министерството за труд и социјална политика на РМ, до денот на донесувањето на одлуките за бројот, составот и начинот на изборот на органите на ССМ.

Делегати по функција се: членовите на Советот, Надзорниот одбор и Претседателството кои учествуваат во работата на Конгресот без право на одлучување.

Конгресот го отвора претседателот на ССМ.

Конгресот донесува Деловник за работа и избира Работно Претседателство. За расправата и одлуките се води записник.

Конгресот ги има следниве задачи:

  • донесува Програма за работа и Статут на ССМ;
  • усвојува извештаи за работа, извештаи за материјално-финансиско работење на ССМ во меѓуконгресниот период;
  • ги разрешува членовите на органите;
  • го верифицира мандатот на членовите на Советот на ССМ;
  • го верифицира мандатот на членовите на Надзорниот одбор;
  • избира претседател на ССМ.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.