- Македонски
- English
ЗДРАВСТВОТО НА ПРОТЕСТ ЗА ПЛАТА, ВТОР ПРОТЕСТ НА ССМ
Сојузот на синдикатите на Македонија и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија заедно со членовите – вработените во здравство излегоа на ПРОТЕСТ кој започна пред Работничкиот дом и заврши пред Министерството за здравство за да го изразат незадоволството од непотпишувањето на Анексот на Колективниот договор за здравствената дејност кој го подготви Самостојниот Синдикат за здравство, а со кој требаше да се зголемат платите на сите вработени во дејноста.
Ова е вториот протест организиран од ССМ на кој протестиравме за да кажеме дека бараме да се потпише Анексот веднаш по завршување на изборниот процес, но со дополнително соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот.
Пораката од денешниот протест е Здравството на протест за плати, ако не нѐ слушнат ќе се вратиме повторно и ќе се вратиме побројни.
Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите работници кои не добија усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата да се приклучат и заедно со ССМ да излезат на 1 Мај на големиот работнични протест.