Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗАКАНИТЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАСТА СЕ ОСТВАРИЈА, ГО ПОНИШТИЈА ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 15% НА ПЛАТИ ВО ЈАВЕН СЕКТОР

Сојузот на синдикатите на Македонија до сите пратеници достави предлог барање со предлог платите на сите вработени во јавен сектор да се зголемат за најмалку 15%.

Амандманот предложен од ССМ, а поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија минатата недела го помина првичниот филтер на Комисијата за финансирање и буџет, но уште тогаш пратениците на мнозинството се заканија дека ќе бара негово поништување поради тоа што дел од нив наместо да седат на Комисијата и да гласаат во интерес на работниците имале побитна работа и не учествувале на работата на Комисијата, иако за тоа се платени од придонесите од платите на работниците.

Вчера, на Законодавно правната комисија, пратениците на СДСМ и ДУИ, Снежана Калеска, Мухамед Кадриов, Фаница Николовска, Даниела Николова, Марија Кочовска, Коле Чаракчиев и Бедри Фазли го поништија амандманот за зголемување на платите од 15% за вработените во администрацијата.

Пратниците од Власта платени од народни пари и парите на работниците, очигледно учествуваат во работата на Комисиите само кога треба да му земат и скратат на работникот, а не и да му дадат.

Жалиме што и покрај нашите постојани лобирања и укажување за неопходноста од овој предлог, пратениците од СДСМ и ДУИ не го послушаа гласот на работниците, па многу е веројатно работниците да ги потсетат во наредниот период кога ќе им биде потребен гласот на работниците.

Како и досега, ССМ продолжува да ја води борбата на сите нивоа и искажува благодарност до сите пратеници кои ги поддржуваат и предложуваат амандманите во интерес на работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.