- Македонски
- English
Сојузот на синдикатите на Македонија е единствената синдикална централа која е дел од регионалната спогодба за зајакнување на соработката помеѓу главните градови на синдикалните централи на најголемите синдикати на Балканот.
Во Белград, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски придружуван од потпретседателот на ССМ за јавен сектор, д-р Марјан Кицев, во името на Сојузот на синдикатите на Македонија ја потпиша Спогодбата заедно со синдикатите ССС, ССРС, УССЦГ и ССЦГ со која се зајакнува соработката во поглед на заедничко дејствување на полето на заштита на работничките права, унапредување на социјалниот дијалог, размена на искуства и др.
Беше одржана и работилница на тема ,,КОВИД-19, промени во светот на работата, улогата на синдикатите и прилагодување на синдикалното дејствување за време и по пандемијата" на која учествуваа синдикалци од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Република Српска и Италија.