Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗА РАБОТНИЦИТЕ 78% ПОКАЧЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ, ЗА НИВ 78% ПОКАЧЕНИ ПЛАТИ

Додека сите синдикати во Македонија, експертите, професорите, граѓаните, амбасадорите, работниците се противат, 62 пратеници денеска ја исполнија желбата на функционерите од Владата и спротивно на сите демократски вредности, со злоупотреба на европското знаме и на сила, ја усвоија потребата и намерата од воведување на 72 часовна работна недела во Македонија, или работното време на работниците го зголемија за 80%, исто онолку колку што си ги зголемија нивните плати!

Пратениците, денеска одлучија изградбата на новите патишта по желба на Владата, наместо со пари и време, да биде платена со човечки (работнички) животи, односно за да заштедат 150 милиони евра и 2 години подолго (поради веќе потпишаниот договор во кој никој незнае какви обврски преземале) да се градат патиштата и одлучија да жртвуваат десетици животи на работниците.

Од ССМ се на истиот став како претседателот Пендаровски кој најави дека нема да го потпише указот за законот, а тоа е дека Уставниот суд има вопоставено пракса со тоа што веќе еднаш донесе одлука.

Образложението дека ќе се скрати времето на изградба и трошоците за ССМ е бесмислено, ако се ризикува животот и здравјето на огромен број на работници!

Синдикатот вчера достави писмено барање и отворени писмо до евроамбасадорот Гир да ја спречи злоупотребата на европското знаменце на овој закон а добил и уверување од кофнередациите на европските и светските синдикатите дека забелешките на ССМ ќе ги достават до Европската Комисија.

Евроамбасадорот Гир денеска во изјава за медиумите изјавил

„Нè загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ"

Целиот прилог на Телевизија Телма и изјавата на Слободан Трендафилов од ССМ можете да ја погледнете на линкот:

https://www.facebook.com/ssmmkd/videos/1174189053267315

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.