Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗА 5.000 ДЕНАРИ ЈА ЗГОЛЕМИВМЕ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА 1 ГОДИНА

,Штрајковите, протестите, преговорите кои ги водевме целата измината година го даваат резултатот и оваа година, а Сојузот на синдикатите на Македонија преку своите активности успеа да ја зголеми минималната плата за 5.000 денари, ако имаме во предвид дека до март 2022 година минималната плата изнесуваше 15.194 денари, а од март 2023 година ќе изнесува повеќе од 20.100 денари." - Слободан Трендафилов од ССМ

Значајно е и тоа што во приватниот сектор, онаму каде што имаме синдикати скоро секаде се зголемија платите на работниците со предходниот пораст на минималната плата од 2.806 денари, а оваа година и пред зголемувањето на минималната плата веќе преговараме за ново зголемување на платите на работниците кои се синдикално организирани во приватниот сектор.

Во јавниот сектор, од друга страна бевме приморани да организираме Генерален штрајк кој се уште трае и кој овозможи 85% од вработените во јавниот сектор да добијат зголемување на нивните плати, а со притисокот кој го направивме, го сменивме Законот за административни службеници кој ќе овозможи линеарно зголемување на платите на сите вработени за кои се однесува овој закон, како и за вработените за кои работодавачите во јавен сектор во отсуство на други законски одредби го применуваат овој закон за исплата на платите со што според наши пресметки, линеарно би се зголемиле платите на над 50.000 работници во јавниот сектор со платата од март 2023 година, а следствено на тоа преку веќе потпишаните колективни договори и спогодбите ќе растат и платите секаде каде што имаме синдикат и потпишан колективен договор или спогодба.

Она што можевме да го постигнеме по пат на социјален дијалог, поради игнорантскиот однос на Владата го постигнавме по пат на протести и штрајкови, па денес, она што за министрите беше ад-хок и избрзано барање и решение на ССМ како линеарното зголемување на платите со порастот на минималната плата, сега е издржано системско решение, односно Владата е една година зад ССМ и синдикатите здружени во ССМ во креирањето на мерки за зголемување на работничкиот стандард и истата место да креира, копира решенија за зголемување на платите токму од ССМ.

Тоа што го изјавуваат и зборуваат владините министри денес, ние го зборуваме и бараме од лани, а потсетуваме дека никое од работничките права не ни е дадено од некој, за секое од нив се имаме изборено, заврши Трендафилов.

Повеќе на следниот линк:

https://www.facebook.com/photo/?fbid=196668579628585&set=a.164572716171505

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.