Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗДРАВСТВО, ПОЛИЦИЈА И ОДБРАНА ЗАСЛУЖУВААТ К-15

Сојузот на синдикатите на Македонија уште во август 2021 година достави предлог текст на Општ колективен договор за јавен сектор во кој покрај другото, главно барање е правото на регрес за годишен одмор (К-15) да го уживаат сите вработени во јавен сектор помеѓу кои и вработените во здравството, армијата, полицијата и во другите дејности од јавен сектор односно целиот јавен сектор без исклучок за кои ова право не е регулирано и уредено во грански и колективен договор на ниво на работодавач.

За ова работничко право и за потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор работниците протестираа.

Владата ги дискриминира своите вработени, но што прават министрите на овие министерства за да ги унапредат правата на нивните вработени и да го овозможат работничкото право на регрес за годишен одмор преку гранските и колективните договори на ниво на работодавач и од кои причини не го прифаќаат барањето на синдикатите.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.