- Македонски
- English

Почитувани,
Органите и телата на Македонскиот полициски синдикат донесоа Одлука за учество на протестот организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој ќе се одржи на 28.01.2026 година (среда) со почеток во 17:00 часот, пред зградата на ССМ во Скопје.
Одлуката е донесена согласно одлуките на највисоките органи на ССМ, како и на Советот и Претседателството на ССМ, за организирање протест со цел зголемување на платите на сите вработени за 6.000,00 денари, преку зголемување на минималната плата во Република Македонија на 600 евра.
Македонскиот полициски синдикат, како еден од најбројните синдикати во рамки на ССМ според бројот на членови, целосно го поддржува ова барање. Истото е усогласено и со барањето на МПС доставено до пратеничките групи во Собранието на РСМ пред донесувањето на Буџетот за 2026 година, со кое се бара зголемување на платите за 20% во МВР, АНБ, АР и УФП.
Ги повикуваме сите членови на Македонскиот полициски синдикат во што поголем број достоинствено да земат активно учество во најавениот протест.
ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ