Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВО СКОПЈЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРАМЕ АПЛИКАЦИЈАТА ССМ-МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА И СИНДИ-Е СОВЕТНИК

Сојузот на синдикатите на Македонија, во рамките на Проектот „Правна заштита – сигурност на работничките права“, поддржан од Меѓународната организација на труд, а финансиран од Европската Комисија, со цел за поголема достапност за навремено, стручно и превентивно делување при заштитата и унапредување на работничките права, како и доближување на синдикатот до младите, во Скопје организира еднодневна средба и обука на која присутните ќе имаат можност да се запознаат со можноста за користење на првата бесплатна мобилна апликација ССМ - мои работнички права која на работниците и граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија и тоа да пријавуваат прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на ССМ, како и следење на вести и совети од ССМ.

https://ssm.org.mk/.../nova-aplikacija-ssm-moi...

Истовремено се запознаа со услугите на новиот Е-советник за работнички права СИНДИ.

https://ssm.org.mk/.../zapoznaj-ja-sindi-noviot-e...

На средба присутни се и Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и нашите колешки и колеги од стручната служба на ССМ, а преку неформален разговор, присутните имаат можност да добијат информации, совети и мислења од колешките и колегите, правници, по однос на прашања од работен однос кои ги засегаат нив лично, нивните колешки и колеги или нивни блиски.

Присутните добија корисни информации за користење на првата бесплатна мобилна апликација преку која можат

-да пријават прекршено работничко право за себе и за друго лице

-да пријават анонимно

-да комуницираат директно со ССМ

-да следат најнови вести и совети од ССМ.

Преземете ја новата мобилна апликација ССМ - мои работнички права

Google Play: https://cutt.ly/3bbqgKB

App Store: https://cutt.ly/Jbbqlc7

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.