Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ВЕДНАШ ДА ЗАПРЕ ПРОФИТЕРСТВОТО СО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ЦЕНИ НА ГРБОТ НА РАБОТНИЦИТЕ

Неоправданото зголемување на цените дополнително ги осиромашува работниците и граѓаните додека алчните газди и компаниите профитираат од таквите неоправдани, нелогични и нечовечки зголемени цени, што се рамни и со кражба на платите на работниците и време е таквите алчни газди да сносат одговорност. Нивните огромни профити ја подгреваат инфлацијата, а не платите на работниците со кои одвај се преживува тековниот месец.

Иако инфлацијата се намалува и за месец февруари изнесува 16,7% и е намалена за 0,4 пп споредбено со месец јануари сепак синдикалната минималната кошница се зголемува. Според пресметката, вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари изнесува 50 909,00 денари и е поголема за 110,00 денари споредбено со синдикалната минимална кошница за месец јануари (50 799,00) денари .

Зголемувањето е поради порастот на индексите на трошоците на животот во февруари 2023 година, во споредба со претходниот месец јануари 2023 година и тоа значително кај Исхрана и пијалоци од 0,9 % Домување 1,3% и кај Хигиената 2%.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.