Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ТРИПАРТИТЕН СОСТАНОК НА СОЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ СО ЕКСПЕРТИ ОД МОТ

Меѓународната организација на трудот и Економско социјалниот совет организираа трипартитна средба на која од Сојузот на синдикатите на Македонија учествуваа Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Претседателот на СГИП Иван Пешевски и Лиле Петрова Шеф на кабинет.

 

Целта на трипартитната средба беше претставување на меѓународните стандарди на трудот во однос на слободата на здружување и дискусија на техничките коментари на Меѓународната организација на трудот во однос на нацрт поглавјата од Законот за работните односи кои се однесуваат на социјалните партнери, колективното договарање и штрајкот.

Настанот ќе го водеа Емил Крстановски Национален координатор на МОТ, Лејо Сибел, виш специјалист на МОТ за социјален дијалог, трудово право и меѓународни стандарди на трудот, МОТ Будимпешта и Вида Амирмокри, специјалист за трудово право, МОТ Женева, а свое обраќање имаше проф. д-р Лазар Јовевски.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.