Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Трендафилов од ССМ: И новиот систем за плати во јавниот сектор е лош!

Надлежностите што му се даваат на министерот за финансии со Нацрт-законот за системот на плати во јавниот сектор, како и со одредбите од предлогот на Законот за работни односи што се изготвува, задаваат сериозен удар на работничките права.

Трендафилов, исто така тврди дека со Нацрт-законот за системот на плати во јавниот сектор се кршат и други законски решенија, но и меѓународни конвенции.

Во Нацрт-законот за системот на пати во јавниот сектор, според Трендафилов опасно е тоа што за време на годишен одмор, што е уставно загарантирано право, ќе биде исплатувана само основната плата, па така за деновите на годишен одмор, работниците ќе бидат казнети за висината на додатокот за минат труд, додатокот за овластување и сл., што ќе значи дека 138.000 работници, еднаш во годината ќе бидат казнети со најмалку 30% од нивната плата заради користење на годишен одмор!

Во разговор за „Утрински печат“ тој вели дека крајниот есап од новото законско решение е помалку пари за работниците и низа други кршења на работничките права. Трендафилов потенцираше дека и Владата не го исполни ветувањето за општ колективен договор во јавниот сектор, па така постои дискриминација меѓу самата јавна администрација, на пример, едни земаат К-15, а други не.

Сите забелешки за ова нацрт-законско решение, за опасноста од суспендирање на колективните договори, како и за тоа каде заглави долгонајавуваниот сосема нов закон за работни односи погледајте во ВИДЕО-ИНТЕРВЈУТО во продолжение како и на линкот:

https://www.slobodenpecat.mk/video-intervju-trendafilov-od-ssm-i-noviot-sistem-za-plati-vo-javniot-sektor-e-losh/?fbclid=IwAR0XwzTjGz5bMBerl3EnanT4g_Lm0P8U_wjVqECEAGCGDeNxsaz6Oer5rkY

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.