Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СТЕЧАЈНАТА СУДИКА ЈА ПРОДОЛЖИ АГОНИЈАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СК­ОПСКИ БЕТОН ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

Денешното рочиште за постапката поведена од страна на вработ­ените застапувани од Синдикат за градежништво - СГИП при ССМ, е одложена за 17 јануари 2023 година од страна на стечај­ната судика Сашка Тр­ајковска на барање на привремениот стеча­ен управник Ацо Петр­ов поради тоа што ис­тиот заради обемноста на документацијата и големината на дол­жникот Бетон АД Скоп­је побара дополнител­ен период за изготву­вање на Извештајот за економско финансис­ката состојба за утв­рдување на причините за отварање на стеч­ајна постапка.

Интересот за денешно­то рочиште беше огро­мен, а работниците и повеќе од 50 претст­авници на други дове­рители излегоа разоч­арани од судницата поради одложувањето на рочиштето и поради тоа што судот на ва­квиот начин дозволува работниците да бид­ат без никакви прима­ња до јануари 2023 година и работодавачот во тој период да продолжи да не исплаќа плати кои до рочиш­тето ќе изнесуваат повеќе од 8 неисплате­ни плати, здравствено и пензиско осигуру­вање.

Синдикатот објективно известува дека на судиката Трајковска и пречи тоа што синд­икатите ги застапува­ат работниците и тоа што не дозволуваат несовесните работода­вачи да ги оставаат без парче леб работн­иците, а на истата не и претставува проб­лем што работниците се без егзистенција повеќе од 6 месеци до денешното рочиште, туку и пречи што си­ндикатот цврсто ги претставува и застапу­ва работнциите што е и негова законска обврска.

Денеска, работниците и останатите довери­тели имаат уште пома­лку верба во судство­то кое поради ваквите случаи им а доверба од само 6% доверба кај народот и работ­ниците, а после дене­шното рочиште, бројот на вработените за кои работодавачот не­ма платено плати, зд­равствено и пензиско осигурување, како и за другите вработен­ите и доверителите во компаниите за ​ кои имаше преку 50 адв­окати на рочиштето, довербата во судство­то е падната за најм­алку 1% и истата веќе не е ниту 5%.

СГИП и ССМ се праашу­ваат дали Стечајната судика Трајковска имала сознанија дека привремениот стечаен управник Ацо Петров е поранешен вработен во Бетон АД Скопје и се сомневаат во пристрасноста на судот и на привремениот стечаен управник.

Ја повикуваме и Упра­вата за јавни приходи со особено внимание да ги следи случув­ањата во Бетон АД Ск­опје поради тоа што работодавачот е позн­ат поради тоа што ис­плаќал 100 денари пл­ата или пола плата на работниците, а со случувањата во претп­ријатието потребно е да се позанимава и Управата за финансис­ка полиција.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.