Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СТЕЧАЈ ЗА БАРГАЛА АД ШТИП, РАБОТНИЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ПОБАРУВАЊА ВО РОК ОД 15 ДЕНА

СТЕЧАЈ ЗА БАРГАЛА АД ШТИП, РАБОТНИЦИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ПОБАРУВАЊА ВО РОК ОД 15 ДЕНА

По повеќе годишна борба на работниците и ССМ, отворена е стечајна постапка за поранешниот гигант АД „Баргала“ – Штип што произведуваше чевли. После 2 години од поднесувањето на Барањето за престанок на работодавачот АД Баргала од Штип од повеќе од 80 работници заедно со ССМ и СТКЧ и сите пречки кои ги правеа и стечајниот судија  Емил Пилатов и привремениот стечаен управник Пепи Панев, Стечајниот управник на последното судско рочиште во Основниот суд – Штип кое се одржа на 08.05.2023 година конечно предложи на барање на доверителите стечајна постапка за АД „Баргала“-Штип, бидејќи сметката е блокирана, а како побарувачи се јавуваат над 50 вработени, потоа АД „Македонија осигурување“ и Комерцијална банка, а на кои побарувањата од должникот АД „Баргала“ изнесуваат над 3,5 милиони евра.

Борбата која ја водеа работниците заедно со ССМ и СТКЧ конечно даде резултат и газдите на АД Баргала од Штип повеќе не се газди туку се исто што и работниците.

На работниците им укажуваме дека во рок од 15 денови од денот на објавата на Решението во Службен Весник потребно е да поднесат пријава до Стечајниот управник за праични побарувања од работен однос ( не исплатени плати, регрес за годишен одмор и надоместотиц и трошоци ), а за што пријава можат да преземат на следниот линк ПРИЈАВА и кон истата да приложат фотокопија од лична карта, трансакциска сметка, акт на работодавачот ( доколку го имаат за утврдедено право ) и истите во два примероци да ги достават на адреса на стечајниот управник.

Истовремено, на работниците кои се во работен однос им укажуваме со одјавите М1М2 образецот да поднесат барање во Агенцијата за вработување - АВРМ за паричен надомерсток за метеријално обезбедување по основ на стечај, за што во рок од 30 денови ќе добијат решение и исплата на надоместокот од АВРМ.

Дополнителни информации можат да добијат во Синдикатот за текстил, кожа и чевли - СТКЧ

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.