Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ: ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГО ИЗГЛАСААТ ЗАКОНСКОТО РЕШЕНИЕ И НЕДЕЛА ДА ГО ПРОГЛАСАТ ЗА ДЕН НА НЕДЕЛЕН ОДМОР

Работниците кои поради пратениците и нивните политички пресметки ќе работат по 1 октомври во недела, а за кои треба недела да биде неработен ден, како и малиот број работници кои се во исклучоците и кои ќе работат во недела, а за тоа нема да бидат соодветно платени, на денот на изборите кој е во недела ќе памтат дека поради политичко калкулантство се на работа па така на 17 октомври наместо на избори ќе бидат на своите работни места.

Апелираме пратениците да се пребројат и прекалкулираат уште еднаш, што тие губат и каква штета на работникот му прават, а воедно каква штета си прават и тие самите.

Ги повикуваме сите кои му мислат лошо на работникот да престанат со политичките игри и пресметки на грбот на оние кои ги гласаат.

Ги потсетуваме дека и тие имаат некој близок кој поради нивниот однос ќе продолжи да работи во недела, нема да биде платен за тоа, а пратениците ќе продолжат да ги уживаат нивните привилегии на грбот на работникот, па така тие кога ќе бидат во парламентот вo недела ќе добијат и надомест, плата и патни трошоци, а вработените во собранието и работниците во Државата нема да добијат ништо

Со ваквиот однос, пратениците им ја кратат слободата на работниците да уживаат право на неработен ден во недела и им кратат приход на оние кои се во исклучоците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.