Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ПОТПИСНИК НА НАЦИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ДОСТОИНСТВЕНА РАБОТА 2026–2030 ГОДИНА

ССМ ПОТПИСНИК НА НАЦИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ДОСТОИНСТВЕНА РАБОТА 2026–2030 ГОДИНА

Денеска, во Владата, беше потпишана Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, со која Владата, организациите на работодавачите и синдикатите ја потврдија заедничката посветеност на унапредување на условите на пазарот на трудот, отворање квалитетни и подобро платени работни места и поголема заштита на работничките права.

Програмата е изработена во соработка со Меѓународната организација на трудот (МОТ) и социјалните партнери, преку трипартитни консултации, и утврдува заеднички приоритети за справување со клучните предизвици на пазарот на трудот.

Програмата ги опфаќа следните приоритети:

Унапредување на условите за достоинствена работа преку подобро трудово законодавство, посилен социјален дијалог, побезбедни и поздрави работни места и одржливи претпријатија.

Развој на вештините за работните места на иднината преку унапредување на стручното образование, обуките и доживотното учење, во согласност со потребите на пазарот на трудот.

Поголемо економско зајакнување на жените преку еднакви можности и отстранување на пречките за нивно учество на пазарот на трудот.

Програмата предвидува и зајакнување на институциите на пазарот на трудот, подобрување на инспекцискиот надзор, унапредување на работничките права, зголемување на продуктивноста и намалување на неформалната економија.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е дел од ова заедничко залагање за достоинствена работа, социјална правда и подобра иднина за работниците, а на потпишувањето присуствуваше Иван Пешевски, потпретседател на ССМ.

Достоинствената работа е повеќе од работно место. Таа значи работнички права, еднакви можности, сигурност, достоинство и подобра иднина за сите.

#ССМ #ДостоинственаРабота #СоцијаленДијалог #РаботничкиПрава #СоцијалнаПравда #МОТ

International Labour Organization

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.