Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ - МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА ВО КАВАДАРЦИ

Присутните имаа можност да ги добијат сите потребни информации за начинот на функционирање дигиталните алатки ССМ - мои работнички права и СИНДИ - е советник за работнички права, за тајноста на пријавите и начините на заштита на работниците кои пријавуваат прекршување на работничките права.

На средбата присуствуваа и Секретарот на ССМ, Златко Цветковски, правните застапници од ССМ, претседатели на грански синдикати кои присутните имаа можност да ги прашаат за активностите на ССМ.

Преку едноставно скенирање на QR code, младите имаа можност да ја преземат мобилната апликација ССМ - мои работнички права.

Со новите дигитални алатки на ССМ да се запознаат имаа можност и претставници на Државниот инспекторат за труд, Министерството за труд и социјална политика, како и претставниците на Меѓународната организација на трудот со чија поддршка беа изработени дигиталните алатки пред околу 2 години, а денеска истите се овозможени за користење со поддршка на Европската конфедерација на синдикати – ETUC .

Корисниците на дигиталните алатки на ССМ добиваат бесплатна услуга за правна заштита како и членовите на синдикатите здружени во ССМ.

*Оваа активност е овозможена со поддршка од Проектот: „ Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“ спроведуван од Европската конфедерација на синдикати – ETUC, а финансиран од European Commission, Directorate general for Employment, Social Affairs & Inclusion.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.