Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ЈА СПРОВЕДЕ ВТОРАТА АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ И ОБНОВУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИОТ ДОМ

ССМ ја спроведе втората акција за расчистување и обновување на Работничкиот дом

Скопје, 18 август 2026 - Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денес ја реализираше втората акција за расчистување и уредување на просториите на Работничкиот дом, продолжувајќи го процесот на целосна ревитализација на објектот.

Во оваа фаза се отстранува отпад од котларата, кабаст отпад натрупуван со години, меѓу кој стар мебел, столици, стаклени елементи и друг инвентар што долго време го пополнувал подрумскиот простор.

Тимот на ССМ работи координирано и со засилен интензитет, со цел просторот да се ослободи и подготви за понатамошно уредување.

Ваквите активности се дел од континуираните заложби за одговорно управување со животната средина, преку систематско отстранување на отпадот и обновување на заедничките простории. Со ова, раководството на ССМ покажува дека грижата за просторот каде што работат вработените е составен дел од современото и фер синдикално делување.

Раководството и вработените, преку заеднички ангажман, демонстрираат културен, посветен и одговорен пристап кон создавање нормални, безбедни и достоинствени работни услови.

Акцијата продолжува и во наредните денови, со фокус на целосно отстранување на преостанатиот отпад и финално уредување на просториите кои со години биле користени како складиштен простор.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.