Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ГО ПОДДРЖУВА БАРАЊЕТО НА РАБОТНИЧКИТЕ, МАЈКИ НА ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО

До ССМ се обратија група на мајки, работнички кои бараат да биде продолжено платеното породилно отсуство поради тоа што градинките сеуште работат со намален капацитет и не се примаат нови деца, поради тоа што немаат можност да ги остават децата дома сами, поради стравот што се повеќе деца се заболуваат од Ковид - 19 и истите завршуваат во болница, како и тоа дека голем број на мајки се приморани да дадат отказ или се под опасност да ги загубат своите работни места поради грижа и нега на своите деца.

Посебна грижа како ССМ, посветуваме на ранливата категорија на населението, жените, долгорочно невработените, лицата со попреченост и сл.

ССМ во целиот изминат период, уште од самиот почеток на здравствената криза бара и се залага за посебна заштита за оваа категорија на работнички и поради тоа беа и воведени одредени мерки кои очигледно е потребно да продолжат.

Во прилог, целото барање

До

Министерство за труд и социјална политика

Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë

Влада на Република Северна Македонија

Комисија за заразни болести;

Почитувани,

Ние, мајките кои сме на платено породилно отсуство, бараме истото да ни биде продолжено бидејќи сме доведени во крајно незавидна ситуација. Конкретно се соочуваме со следново:

Градинките работат со намален капацитет согласно препораките од Комисијата за заразни болести донесени во септември 2020 год. Групите се веќе формирани, НЕМА МЕСТО и не се примаат нови деца. Листите се предолги и времето на чекање достигнува и до една година. Дополнително добиваме информации дека согласно состојбата со ковид-19, засега нема препораки за проширување на веќе пополнетите групи.

Немаме сите финансиска можност за приватна градинка или ангажирање дадилка, иако и ова во услови на пандемија не е безбедно и препорачливо решение.

Најголем дел од нас немаат никаква опција за да го остават детето дома. Немаме сите слободни и присутни родители кои би го чувале.

Како резултат на претходно наведеното, многу мајки беа доведени во безизлезна ситуација и ПРИМОРАНИ ДА СИ ДАДАТ ОТКАЗ.

Според најновите изјави на педијатрите, се повеќе деца се хоспитализирани на клиниките поради компликации од Ковид-19. Ова покажува дека претпоставката која важеше минатата година, дека децата го поминуваат вирусот лесно, не е веќе точна , а новиот сој на вирусот ги напаѓа и децата и тоа со сериозни последици по нивното здравје!

Во услови кога секојдневно имаме огромен број на заразени и го очекуваме пикот на третиот бран, БАРАМЕ РАЗБИРАЊЕ И ПОДДРШКА ОД НАДЛЕЖНИТЕ во обидот да ги заштитиме нашите најмали и најранливи и бараме продолжување на платеното породилно отсуство, се до оној момент кога епидемиолошката состојба ќе дозволи зголемување на бројот на јаслените групи или ќе се понуди друго решение за овој проблем. Се надеваме дека ова ќе биде решено во најбрзо време, бидејќи многу од нас се соочуваат со притисоци за враќање на работа од една страна, а не се нуди никакво решение за гореспоменатите проблеми од друга страна.

Однапред Ви благодариме.

Од Мајките на породилно.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.