Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ: ДОНЕСЕТЕ ГО ПЕТТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ КОЈ Е НЕОПХОДЕН ЗА НАС РАБОТНИЦИТЕ

Сојузот на синдикатите на Македонија, како единствен репрезентативен синдикат кој ги претставува интересите на 70.000 членови од јавниот и од приватниот сектор, ​бара и ги повикува пратеници од сите политички партии на разумност и свест дека е неопходно на закажаните зедници на Собранието за утре, да се изгласа петтиот пакет на мерки, во кој, покрај другото, е предвидена и финансиска поддршка за исплата на платите на работниците од најпогодените сектори за месеците февруари и март 2021 година, а кој е блокиран веќе три месеци во Собранието, имајќи предвид дека сега сме месец април.​

Работниците, членовите на ССМ и целокупната македонска јавност, се вчудоневидени од односот на пратениците во парламентот кон егзистенцијалните прашања на работниците, чиј што опстанок во услови на здравствена криза од светски размери, зависи од​ грижата на државата кон нив и изгласувањето на петтиот пакет мерки, кој уште еднаш нагласуваме е блокиран во Собранието, а е неопходен за зачувување на работните места и егзистенција на работникот.​

Укажуваме на голем број на обраќања до Сојузот на синдикатите на Македонија, како од работници, така и за прв пат од работодавачи, кои побараа помош и поддршка од ССМ, а кои повеќе не можат да го издржат притисокот поврзан со обезбедување на нивна егзистенција и егзистенција на нивните семејства.​

Не дозволувајте како пратеници, подадената рака од работникот денес, да стане стисната тупаница утре!

Промотивната активност е поддржана​ од проектот​ „Зајакнување на социјалниот дијалог“, што е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.