- Македонски
- English

Почитувани колешки и колеги,
Дозволете ми, во мое лично име и во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, да Ви ги честитам претстојните новогодишни празници Вам, на Вашите семејства и на сите работници и граѓани, со искрени желби за здрава, достоинствена и праведна нова 2026 година.
Годината што доаѓа нема да биде лесна, но ќе биде година во која синдикалната солидарност, единство и борба мора заеднички да ги издигнеме на повисоко ниво.
Само со јасен став, гласен отпор и организирана синдикална акција ќе се избориме за достоинствени плати, сигурни работни места и целосно почитување на работничките права.
ССМ и во 2026 година заедно со работниците е подготвен за дијалог, но и за протест и штрајк секогаш кога работничките права и достоинството на трудот се загрозени.
Со почит,
Слободан Трендафилов
Претседател
Сојуз на синдикатите на Македонија