- Македонски
- English
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов се сретна со Заменик Министерот за економија и труд Маријан Ристески.
Претседателот на ССМ Трендафилов го информираше Заменик Министерот Ристески дека трговците ја искористија најавата за предходната мерка од Владата и ги зголемија неоправдано цените во месец септември со што вредноста на делот за храна и пијалоци се зголеми за 717 денари, со мерката на Владата даде резултат со намалување од 965 денари на трошоците за храна и пијалоци но денеска, повторно има зголемување од 609 денари со што се осиромашуваат работниците и граѓаните.
Владата треба да ја продолжи праксата со креирање на мерки кои ќе значат помош за работниците со најниски плати и граѓаните со најниски примања.
ССМ веќе разговара со Министерството за економија и труд по однос на креирањето на идните мерки но потребно е трговците или да покажат општествена одговорност или Владата при креирањето на новите мерки да биде ригорозна во постапувањето на ваквите нефер трговски практики и да казнува.