- Македонски
- English
СРЕДБА СО РАБОТНИЦИТЕ ОД ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА СКОПЈЕ
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и Претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски денеска ги посетија вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје - Механизација со кои разговараа за дилемите кои ги имаат работниците, ги одговорија прашањата поврзани со растот на платите, исплата на К-15, новогодишен додаток и јубилејни награди.
Синдикатот СУТКОЗ е единствениот заштитник на работниците и репрезентативен синдикат кој во изминатиот период успеа да ги зголеми платите за повеќе од 30% за помалку од 2 години, обезбеди исплата на К-15 во висина од 60% од просечната плата и новогодишен надоместок, а преку Општиот колективен договор за јавен сектор обезбеди и исплата на јубилејни награди.
Вработените во Скопски Водовод целосно ја даваат поддршката на СУТКОЗ, а Синдикатот СУТКОЗ и ССМ нема да дозволат поединци да им се закануваат и направат штета на работниците, а со тоа ќе ги спречат намерите на истите да нема зголемување на платите, да нема исплата на К-15 и сл.