Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО, ДОГОВОРЕНО УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО ОПШТИНАТА

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски оствари средба со Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков.

На средбата присуствуваа и Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, Претседателот на СРСВМ, Миќо Стојановски и Тони Бошковски, претседател и Боби Вељановски, секретар на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија кој функционира во рамките на СРСВМ при ССМ.

На состанокот се дискутираше за состојбата на работниците на територијата на Општина Неготино, како и за предизвиците кои произлегуваат од Корона кризата предизвикана од Ковид – 19.

Истовремено, се дискутираше и за потребата од усогласување на платите на пожарникарите согласно член 13 од Законот за пожарникарство и беше договорено таквото усогласување да биде спроведено од страна на надлежните служби во Општината.

Беше посетена и канцеларијата на ССМ во Неготино преку која работниците остваруваат непосредна заштита на нивните работнички права, преку редовни средби и состаноци со Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.