Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА ПОМЕЃУ ССМ И Претседателот на Секцијата за европски и меѓународни прашања при Економско-социјалниот Совет и за животна средина на Франција

Денеска, Претседателот на ССМ, м-р Дарко Димовски придружуван од потпретседателот на Советот на ССМ за Јавен сектор, д-р Марјан Кицев и потпретседателот на Советот на ССМ за колективно договарање, Љупчо Радовски остварија средба со Господин Жан-Мари Камбасерес (Jean-Marie Cambacérès), Претседател на Секцијата за европски и меѓународни прашања при Економско-социјалниот Совет и за животна средина на Франција и Господинот Адриан Лабон(Adrien Labaune) кој е дипломатски советник во Економско-социјалниот Совет и за животна средина на Франција.

Целта на состанокот беше зајакнување на соработката на Економско-социјалните совети на двете земји и проучување на можноста за воспоставување на билатерална соработка поврзана со работењето на двете организации.

Исто така беа разменети и искуства по однос на важни прашања за работниците и како тие прашања се решени во Франција како во Македонија.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.