- Македонски
- English
На 10 и 11 септември во Скопје се одржува состанок на мрежата Меѓународната конфедерација на синдикатите и Пан-европскиот регионален комитет (ITUC-PERK) составена од Синдикални економски експерти. На состанокот, присутни се и Магнус Берге Висок Специјалист за работнички активности од Меѓународната организација на трудот (ILO), Антон Лепик Извршен секретар на ITUC - PERK, Eниса Салимовиќ од ITUC - PERK од канцеларија за Југоисточна Европа и експертите проф. Бруно Серги од ETUI и Амалиа Хамарлунд од ITUC центарот за праведна транзиција.
На состанокот учествуваат и експерти до ССМ придружувани од Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов кој го отвори состанокот, ги поздрави присутните и се заблагодари за нивното присуство во Скопје особено во период кога тоа е најпотребно, како се заблагодари за поддршката на ССМ и синдикатите во Македонија кои се борат за зачувување на работните места, зголемување на платите и склучување на Колективни договори.