Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СО ПРОТЕСТИ И ПРЕГОВОРИ ДО ПОБЕДА ЗА ПЛАТА И К-15 ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗДРАВСТВО

Борбата за раст на платите на работниците во здравството започна со протестот на 8 април кој го организираше ССМ со барање веднаш по завршување на изборниот процес да се потпише Анексот на Колективниот договор од страна на Самоатојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија со корекција на коефициентите и раст на платите на вработените во здравството.

Вработените во здравството конечно добиваат зголемување на нивните плати со ноемвриската плата која ќе се исплати во декември, со што за прв пат добиваат зголемување од 2.450 и 3.850 денари во нето износи, односно се работи за корекција на коефициентите од 0,233 што значи повисока бруто плата за сите вработени од околу 3.650 денари во бруто износ или 2.450 денари во нето износ. Дополнително во делот на овој анекс е направена корекција на платите од 0,364 за медицинските сестри со средно образование и останатиот средно-медицински кадар што значи 5.700 денари во бруто или 3.850 денари во нето износ.

Сојузот на синдикатите на Македонија преку Општиот колективен договор за јавен сектор за вработените во здравството обезбеди и повисоки проценти во делот на додатоците на плата па така основната плата на работникот во здравството се зголемува по час и тоа за:

- прекувремена работа од 29% на 35% или се зголемува за 6%

- работа во три смени на 5%

- за работа во денови на празници утврдени со Закон работникот има право на додаток на платата што му припаѓа кога тие денови не работни и плата за поминати часови на работа зголемени за од 42% на 50% или зголемување за 8%.

Истовремено, во наредните денови, а најдоцна до декември вработените во здравство добиваат К-15 од 11.000 денари обезбедено со Општиот колективен договор за јавен сектор.

Растот на платите е значаен затоа што додатоците на плата ќе се пресметуваат на повисока основна плата, а со исплатата на К-15 придобивките се 13.450 ден односно 15.850 денари повисоки примања во декември, во еден месец, токму кога е најпотребно.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.