- Македонски
- English
СО ДРЖАВНИ ПАРИ ДА НЕ СЕ БОГАТАТ ГАЗДИТЕ НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ И РАБОТНИЦИТЕ
Владата претпазливо да постапува со планот да го помогне стопанството со 250 милиони евра од кредит, да не ги прави истите грешки што ги правеа предходните влади кои даваа финансиска поддршка на компаниите, а голем дел од нив ја злоупотребија, а не ги дадоа ниту платите на работниците и ја изиграа државата, а денеска токму ние работниците и граѓаните ги враќаме кредитите за таа намена.
Истите тие работодавачи кои ја очекуваат поддршката од Владата од 250 милиони евра, го подкрадуваат буџетот за исто толку 250 милиони евра кои не влегуваат во државната каса поради непријавените работници кои сочинуваат 11,8% од вкупниот број на вработени.
Не ја гледаме оправданоста работодавачите да добијат половина милијарда евра на поклон од државата (пари од кредитот и пари кои работодавачите не ги плаќаат во буџетот, а кои потоа ги враќаат и работниците и граѓаните), а Владата и работодавачите да имаат изговор за да не се зголеми минималната плата веднаш на 450 евра, како и да не се зголемат платите во приватниот и во јавниот сектор.
Синдикатите можат да имаат активна улога во контролата и во спречувањето на злоупотребата на овие средства ако главен критериум биде срествата да се доделат на компании кои го почитуваат социјалниот дијалог, немаат злоупотребено буџетски средства, не се казнувани за прекршување на работничките права и имаат синдикат на ниво на работодавач, а се во спротивно ќе биде поклон или злоупотреба.