Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАТОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ОД УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ - СУТКОЗ ПРИ ССМ, НАЈОСТРО РЕАГИРА ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ ДЕКА НАЈГОЛЕМ ДЕЛ НА УГОСТИТЕЛИ ВЧЕРА ГИ ОДЈАВИЛЕ РАБОТНИЦИТЕ

Во текот на вчерашниот ден во јавноста беа пласирани информации дека најголем дел од угостителите денеска ги одјавиле работниците, на што како синдикат најосторо реагираме.

Работодавачите од угостителскиот сектор, да не ги манипулираат работниците од овој сектор, а на работниците им укажуваме да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи кои работодавачите ќе ги злоупотребат за откажување на нивните договори за вработување. 

Укажуваме дека спротивно на закон и на колективен договор е доколку работниците имале склучено договори за вработување да се одјавуваат токму денеска, еден ден пред започнување на мерките со кои се ограничува работењето во овој сектор.

Не е возможно токму вчера и денеска на сите работници да им завршила важноста на договорите за вработување доколку истите биле склучени на определено време.

За ваквите најави, Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот - СУТКОЗ заедно со ССМ ќе поднесува пријави до сите надлежни инспекциски служби, како и кривични пријави со цел да се спречат таквите злоупотреби.

Работниците ги охрабруваме, сите прекршувања на нивните работнички права да ги пријават до СУТКОЗ и ССМ за да можеме навремено да интервенираме и да ги зачуваме нивните работни места.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.