Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАТИТЕ СЕ ИН – ВКЛУЧИ СЕ, АНГАЖИРАЈ СЕ, ДЕЈСТВУВАЈ

Главна цел на проектот кој ќе го спроведува Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ кој е со наслов „Нов поттик за младинско учество во Синдикатите“, ќе биде зајакнување на учеството на младите во Синдикатите, преку едукација и обука.

Акцентот кој е ставен на младите и нивното учество не е случаен.

“Има многу причини за ваквата состојба, но како главни фактори за ваквата може да се наведе дека младите не ги препознаваат синдикатите како организации од интерес ниту пак како органзации кои можат да им понудат заштита на нивните права од работен однос. Синдикатите од друга страна иако знаат дека младите им се потребни за да опстанат скоро и воопшто не ги вклучуваат младите да бидат дел од органите и телата на синдикатите, со што младите воопшто не се вклучени во процесот на носење одлуки во синдикатите. Токму тоа сакаме и да го смениме” – рече Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Повеќе на следниот линк:

https://www.facebook.com/SindikatUPOZ/

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.