Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАТИТЕ ОД ЈАВЕН СЕКТОР ОД ССМ СО ЗАЕДНИЧКИ СТАВ ЗА РАСТ НА ПЛАТИТЕ И ПОТПИШУВАЊЕ НА СПОГОДБИТЕ И АНЕКСИТЕ НА КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ

Сојузот на синдикатите на Македонија со поддршка на Меѓународната конфедерација на синдикатите ITUC - PERK и шведските синдикати UNION to UNION реализираше стручно - специјализирана обука за претседателите на синдикатите здружени во ССМ од јавниот сектор на тема “НОВА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРЕСМЕТКА НА БРУТО ПЛАТА СПОРЕД ОПШТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР”

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов ја истакна важноста, Претседателите и претставниците на синдикатите кои здружуваат работници во јавниот сектор да ги искористат стекнатите знаења и вештини од обуката за да ги усогласат Колективните договори и да склучат спогодби и Анекси за уредување на новата методологија на плати за вработените во јавниот сектор согласно која сите вработени во јавниот сектор од месец март 2025 година добиваат воедначена пресметка на плата по принципот просечна плата по коефициент на сложеност, со што се гарантира раст на платите во јавниот сектор помеѓу 12 и 15%.

Претседателите на гранските синдикати од јавниот сектор донесоа заеднички заклучок со кој утврдија ставови врз основа на кои со ССМ, заеднички ќе настапуваат пред Владата, Министерствата, институциите, односно работодавачите во јавниот сектор, а кои значат :

● Барање за раст на платите на вработените во јавниот сектор во дејностите каде што во 2024 година се уште не се покачени, односно усогласени платите !

●Барање за потпишување на Спогодби, односно Анекси на колективните договори со кои ќе се утврдат коефициентите на сложеност по работно место најдоцна до декември 2024 година согласно член 47 од Општиот колективен договор за јавниот сектор !

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.