Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИЕР И ССМ ВО ПОСЕТА НА СИНДИКАТОТ ВО РЕК БИТОЛА

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов, денеска го посетија Синдикатот во ЕСМ ( Синдикалната организација при АД ЕЛЕМ), РЕК Битола и дадоа поддршка на активностите кои ги презема Синдикатот, а особено за истакнување зголемувањето на платите од почетокот на оваа година и потпишаниот Колективен договор на АД во државна сопственост за производство на електрична енергија ЕСМ- Скопје, обезбедувањето на 460 работни места со бенифициран стаж, обезбеден оброк за секој работник, право на К-15 во висина од 100% и др.

Истовремено, СИЕР - Синдикална организација АД ЕЛЕМ со цел овозможување на поголема достапност на работниците и членовите, покрај канцелариите во РЕК Битола, отвара и канцеларии во рудникот Суводол и во центарот на Битола, а во наредниот период канцеларии ќе бидат отворени во сите организациони единици во кои до сега немаше отворено канцеларии.

СИЕР - Синдикална организација АД ЕЛЕМ е репрезентативен синдикат кој брои повеќе од 3.900 членови, работници во АД ЕСМ, а ССМ и СИЕР нема да дозволат напади кои ќе имаат за цел намалување на работничките права и ќе се спротистават на сите притисоци врз работниците во следниот период.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.