Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ШТРАЈКУВАЧИТЕ ВО МАНУ СЕ БОРАТ ЗА НИВНАТА ПЛАТА

Синдикалната организација на МАНУ информира дека штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ сè уште трае и повремено ќе се штрајкува и пред зградата на МАНУ.

Раководството на МАНУ досега не презеде конкретни чекори и продолжи со игнорантскиот однос кон решавањето на проблемот со навредливо ниските плати и покрај ветувањето за одржување вонредна седница на Претседателството на МАНУ во врска со ова прашање.

Повторно потенцираме дека проблемот со недостоинствено ниските плати на овие вработени не е возможно да се реши без измени во Законот за МАНУ во делот за плати.

Доколку и понатаму се игнорира овој проблем и раководството на МАНУ итно не преземе соодветни чекори, Синдикалната организација на МАНУ најавува дека ќе одржи прес-конференција на која подетално ќе ја запознае јавноста со причините за штрајкот и за насобраното повеќегодишно незадоволство кај овие вработени, а за што и усно и писмено се запознаени членовите на МАНУ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.