Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СЕМИНАР "Дополнително образование и обука за социјални услуги"

Во рамките на проектот "Дополнително образование и обука за социјални услуги"подржан од страна на ЕУ,здружението Институт за развој на заедницата од Тетово беше домаќин на организации членки на мрежата САМАРИТАН и тоа од Македонија ,Србија,Латвија,Литванија и Германија.

По покана на оваа организација на ден 09.11.2021 год.свое присуство и излагање имаше и претседателот на СТКЧ Љупчо Радовски како преставник на ССМ во ЛЕС во Тетово и потпретседател на ЛЕС.

Љупчо Радовски најпрво се осврна на улогата на синдикатот во ЛЕС и заложбите за социјалниот и образовниот процес во општината и пошироко преку учество на ЕСС на национално ниво .

Се задржа на реформите во образованието кои беа направени во општината се со цел образовните центри да извадат кадри потребни за пазарот на труд,како во сррдните така и високите обтазовни центри со цел да се намали невработеноста со која би се подобрил социјалниот статус на граѓаните.Грижа за работничките права и нивниот социјален статус во општината и пошитоко.

Соработка со Агенцијата за вработување и целосна имлементација на активните мерки за вработување за сите работници кои ги изгубиле своите работни места по разни основи,а како синдикат мора да им помогнеме за повторно вработување.

Улогата и учеството на ССМ во ЕСС на национално ниво во носење на закони во кој се опфатени правата на работниците од работен однос како пример ги наведе:

Законот за недела не работен ден и неговата содржина и придобивката од носење на овој закон.

Законот за работни односи и дел од барањата како пример :договорите на определено од 5 на 1 год,породилното боледување од 9 месрци на 12 месрци,работа од дома,к-15,минималната плата да биде 60% од просечната нето плата во државата и други права се со цел да ги подобриме правата на работниците и нивниот социјален статус.

Значењето на колективните договори и нивната улога во регулирање на правата на работниците.

Правната помош која ја даваат службите во ССМ се со цел да ги заштитиме работниците од прекршување на работничките права од работен однос.

Со оваа презентација ја потвтдивме нашата заложба во одбрана на правата на работниците како синдикат кој секогаш бил и ќе биде рамо до рамо со работноците.

Сите присутни ни посакаа и понатаму успешно да ги застапуваме работничките права како досега и понатаму  како ССМ и да истраеме во сите птедизвици со кои ќе се сренеме.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.