Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ НА ССМ СО КАМПАЊА ЗА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ РАБОТНИЧКИ

Секцијата на Жени на ССМ на ден 21.03.2026 и 22.03.2026 година одржа настан како дел од Кампањата за правата на жените работнички, на кој се одржа и Панел-дискусија. 

На истата, учесничките разговараа за положбата на жените работнички во светот на работата, и воедно разменуваа мислења за тоа на што се се изложени жените на нивните работни места, а особено на тоа што треба државата и работодавачите да направат за да го спречат насилството и вознемирувањето на жените на работа и со тоа да креираат атмосфера во областа на трудот која ќе значи надминување на сите предизвици со кои се соочуваат жените во остварувањето на праведни, безбедни и пристојни услови за работа.

Членките на Секцијата на жени на ССМ од гранските синдикати од јавниот сектор и приватниот сектор здружени во ССМ заедно со претседателката Ивана Димитрова за време на настанот испратија силни пораки дека жените работнички имаат клучна улога за економијата на нашата држава, дека заслужуваат повеќе работнички права, а особено дека заслужуваат плата која нема да биде приказ на родовата нееднаквост во областа на трудот што ќе значи намалување на сиромаштијата и ќе даде можност за еднаков пристап на жените работнички до лидерски позиции и со тоа уште еднаш ја потврдија заложбата да преку Секција на жени на ССМ да превземат уште повеќе синдикални активности со засилено темпо, а се со цел да ги унапредат правата, благосостојбата и економската состојба на жените работнички во сите сектори и на сите нивоа.

Кампањата за правата на жените работнички на Секцијата на жени на ССМ е во рамките на одбележувањето на 80 години од основањето на Сојузот на синдикатите на Македонија и ќе трае цела година и истата продолжува во наредниот период со активности кои ќе се одржуваат во Работничкиот дом на ССМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.