Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СЕДНИЦИ НА ИЗВРШЕН КОМИТЕТ НА ETUC И ITUC PERK

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов во својство на член, учествува на седниците на Извршниот комитет на Европската конфедерација на синдикатите (ETUC) и на Извршниот комитет на Пан-европскиот регионален комитет (ITUC-PERK) кои се одржуваат во Брисел.

На состаноците учествуваат синдикалните лидери од најголемите европски синдикални централи, Генералниот секретар на ETUC, Естер Линч, Генералниот секретар на ITUC, Лук Триангл, Претседателот на ITUC PERK Игор Зубцу и др.

На состаноците се зборуваше за предизвиците со кои се соочува синдикалното движење, за активностите кои ќе ги преземаат европските синдикати во наредниот период, а беа усвоени и неколку важни Резолуции согласно кои ќе се постапува во наредниот период.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.