Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СЕ ПРАШУВАШ ЗОШТО НА 1 МАЈ СЕ ПРОТЕСТИРА ?!

СЕ ПРАШУВАШ ЗОШТО НА 1 МАЈ СЕ ПРОТЕСТИРА ?!

Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Се одбележува на 1 Мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго.

На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.

Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба.

Уште се мислиш каде да уплатиш аранжман, во која кафана да закажеш или каде да заминеш на пикник

НИЕ РАБОТНИЦИТЕ, ПРОТЕСТИРАМЕ

1 МАЈ, 11ч. РАБОТНИЧКИ ДОМ

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.