- Македонски
- English
Денеска се одржа втората седница на Економско социјалниот совет на која учествуваа Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски, Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски, Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски и Претседателката на СКРМ Вера Атанасовска како претставници од ССМ, Премиерот Христијан Мицкоски, Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, како и замниците министри за економија и труд Марјан Ристевски и Социјална политика дрмографија и млади Ѓоко Велковски, и социјалните партнери од Организацијата на работодавачи на Македонија.
На седницата беше презентиран предлог Буџетот за 2025 година, а се дискутираше за растот на платите во јавниот сектор и за барањето за раст на минималната плата.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов истакна дека во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто и напомена дека добро тоа што во буџетот за 2025 година за првпат се одвоени високи 13,8 отсто повеќе пари за исплата на плати и дека овие пари треба да се распоредат врз основа на Општиот колективен договор за јавниот сектор со што сите работници од месец март ќе добијат зголемување на нивните плати согласно порастот на просечната плата, а според коефициентите за сложеност на работно место.
Истовремено, во името на ССМ ги пренесе аргументите за потребата од раст на минималната плата на најмалку 450 евра.
Нашите аргументисе издржани особено поради нарушениот животен стандард со постојаниот раст на синдикалната минимална кошничка која од почетокот на годината до денеска е порасната за повеќе од 4.800 денари, треба да бидат доволен мотив за покачување на минималната плата. Ветер во грб на работниците и работничката борба дава и растот на платите во регионот. Минималната плата во регионот изнесува:
1. Босна -Република Српска 460 евра (620 најмало примање)
2. Србија сега е 423 евра, од 1 јануари 2025 година 454 евра
3. Црна Гора 600 евра за тие со завршено средно образование, и 800 евра тие со високо образование
4. Хрватска 750 евра
5. Албанија 386 евра
6. Македонија 367 евра
7. Словенија 1.254 евра
Од од првата седница на ЕСС до денеска ССМ одржуваше редовни состаноци со претставниците на Владата и работодавачите за барањата од 1 мај како што е зголемувањето на платите и растот на минималната плата.
Во изјава за медиумите Претседателот на ССМ го истакна седното:
– На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) кажавме дека платите во Македонија мора да растат. За наша среќа, никој на седница не рече дека не треба тоа да се случи. Сметам дека аргументите кои ги изнесовме – нискиот животен стандард, се потешкиот живот тука, зголемувањето на платите во регионот кој не опкружува каде што најчесто заминуваат македонските работници ни даваат позиција во која можеме да сметаме дека можеме да постигнеме некакво решение во наредните денови, изјави Трендафилов
„Денеска за минималната плата разговаравме исто толку колку што разговаравме и за платите на вработените во јавниот сектор, ние, барем од Сојузот на синдикатите на Македонија. Ќе треба да ги прашате другите синдикати кои не побараа ништо за работниците“ !
Сметаме дека со растот на платите во јавниот сектор нема да има ниту еден работник на минимална плата, односно на плата под 450 евра и нема да има никакво финансиско оптоварување доколку минималната плата во наредните месеци се зголеми на најмалку 450 евра. И предложивме на Организацијата на работодавачи, односно на работодавачите од приватниот сектор да го легализираат тоа што го прават денеска нелегално со исплатите на вработените во плик. Тоа што се потврди како информација е дека 540 илјади работници во Македонија примаат плата преку МПИН во УЈП додека, пак, по Државниот завод за статистика повеќе од 691.000 работници се евидентирани во Македонија што кажува 160.000 илјади работници се на договор на дело. Мислам дека тоа е недопустливо во една држава, рече Трендафилов.
Со ова се потврдува дека државата по основ на придонеси за социјално осигурување на годишно ниво губи повеќе од 250 милиони евра.
Потсети дека работодавачите и во 2022 година имаа отпор на зголемувањето на минималната плата.
– Не можеме ние да издржиме повеќе да живееме со такви мизерни плати кои ги даваат работодавачите во приватниот сектор. Тие може да кажуваат, да даваат изјави дали треба да се зголемат платите, дали не треба да се зголемат платите меѓутоа да внимаваат следниот пат кога ќе кажуваат дека нема работна сила во Македонија. Најголемите виновници за иселување на квалификуваните работници од Македонија се токму тие, потенцира Трендафилов.