- Македонски
- English
РАКОВОДСТВОТО НА СКОПСКИ ВОДОВОД ДА НЕ СИ ЈА МЕРИ СИЛАТА ПРЕКУ РАБОТНИЦИТЕ
Непријатно сме изненадени од непочитувањето и нападите на вработените во Водовод и канализација Скопје од страна на членовите на органите на управување во јавното претпријатие.
Вработените во одделението за обезбедување извршувајќи ги своите работни задачи беа омаловажувани, нападнати, влечени, туркани и спречени во извршувањето на нивните работни задачи од страна на членовите на органите на управување на јавното претпријатие и покрај молбите на работниците да ги почитуваат нивните укажувања, да не им прават проблеми во работењето ( а зборовите ,,не ни правете проблеми ве молам, ве молиме смирете се, ве молиме не" се слушаат и од видеото објавено во медиумите на кое може да се погледне целиот случај).
Благодарност до вработените кои и покрај се се воздржаа, совесно постапуваа и не дозволија инцидентот да ескалира, а бараме институциите да ги заштитат вработените кои впрочем се задолжени да се грижат за редот и мирот како и за безбедноста во јавното претпријатие и кои се овластени службени лица со лиценца за обезбедување и нападот на нив треба да се третира како напад на службено лице при вршење на должност и треба најостро да биде санкциониран.
ССМ и СУТКОЗ јавно укажуваат дека напад на работник на неговото работно место не смее да се дозволи, а особено не од оние кои треба да водат грижа за работниците.