Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работниците се оштетуваат по 30 евра месечно

 

Секој месец на работниците во јавниот сектор им се исплатуваат по 2.100 денари помалку на име надомест за исхрана и превоз, изјави на денешната конференција за печат портпаролот на ССМ Пецо Грујовски.

Уставниот суд  на 2 април оваа година ги укина двата члена (членовите 12 и 13) од Законот за извршување на буџет. Со овој закон се исплатуваат фиксно по 2.300 денари за хранарина и 900 денари за патарина. На тој начин и покрај одлуката на Уставниот суд 70.000 лица во јавниот сектор и понатаму надоместоците ги примаат по старо.

Вистинскиот износ на хранарината, утврден со Законот за работни односи и со колективните договори, е 25 отсто од просечната плата во последните три месеци. Тоа се околу 3.900 денари, додека реалните трошоци за превоз, барем во Скопје, се 1.400 денари, изнесе Грујовски. Во некои случаи патувањето бара повисоки трошоци, кога работникот менува два или повеќе автобуси, па и таму треба да се пресмета вистинскиот трошок.

На конференцијата за печат портпаролот Грујовски истакна дека Конфедерацијата на слободни синдикати и Владата не го регулираат прашањето за надоместоците. ССМ не ги признава тој колективен договор, каде стои дека износот за хранарина се утврдува на крајот на годината. Меѓутоа, не е кажано ништо повеќе, како ни тоа што ќе биде со надоместоците со стартувањето на бруто – платата од почетокот на следната година.

За поздравување е што во некои гранки во јавниот сектор, како во здравството и во некои јавни претпријатија, хранарината и патарината се исплатуваат во правилниот износ, рече Грујовски. Исто така и работодавачи од приватниот сектор на нивните вработени им ги исплатуваат реалните износи за патарина и хранарина.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.