Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНИЦИТЕ СЕ ДРЖАВАТА 1 МАЈ 2023

Сојузот на синдикатите на Македонија го организираше најголемиот работнички протест на 1 мај под мотото РАБОТНИЦИТЕ СЕ ДРЖАВАТА.

Голем број на работници, синдикалци, синдикати, граѓани, пензионери и млади излегоа на улиците и гласно кажаа дека без рабтниците нема држава.

Дел од учесниците на протестот зборуваа и за зголемување на работната недела за работниците што ќе бидат ангажирани за коридорите 8 и 10-д при што порачаа дека нема да дозволат враќање во 19 век. Им порачаа на учесниците наместо да се сликаат со шлемови и елеци, да излезат да видат дали може да се работи 60 часа на сонце.

Протестот на членството, поддржан од граѓани, почна пред седиштето на ССМ, продолжи кон Собранието и заврши пред Владата. На пратениците и на извршната власт им порачаа дека „не е исто покачување од 2.000 денари на година и 2.000 денари на ден“ и оти „Работниците се државата“ – како што гласеше и слоганот на денешниот протест за Денот на трудот.

„Да живее 1 мај, да живее македонскиот работник иако овие зад нас не сакаат да не испочитуваат. Не може македонскиот работник со 2 000 денари покачување на плата да го издржи месецот, а некој со 78 отсто да си го тера месецот лежерно и убаво. Затоа оттука порачувам, ние како работници не се откажуваме. Како за нив така за нас, нека ги намалат они платите и ние нема да бараме. Но, интенцијата е да се зголемат платите на сите работници бидејќи гледаме во какво време-невреме живееме и тие пари колку се потребни. Може да пазарат по маркети и продавници и да не лажат како цените се намалени, но ние сме секој ден таму и тоа не се случува. Затоа го повикувам македонскиот работник, пензионер, народ, да излезе да се сплоти и да им кажеме „не“ на тие што не мислат на нас, што си гледаат само за себе“, рече претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред Владата рече дека функционерите „си ги покачија платите за 78 проценти, а нас нѐ убедуваат дека 2.000 денари е доволно да преживее македонскиот работник“.

– Со две илјади денари работникот не може да го издржи месецот, додека некои со 78 отсто си го поминуваат месецот лежерно и убаво. Ние, работниците, не се откажуваме – како за нив, така и за нас. Нека ги намалат и тие платите и ние нема да бараме. Но, интенцијата е да се зголемат платите на сите работници, бидејќи гледаме во какво време-невреме живееме и колку се потребни тие пари. Пазарат по продавници и нѐ лажат дека цените се намалени, но ние сме секој ден таму и тоа не се случува. Го повикувам македонскиот работник, пензионер, народ, да излезе и да се сплоти и да им кажеме „не“ на овие што не мислат на нас и си гледаат само за себе, истакна Димовски.

Тој порача дека не го креваат работничкиот глас само денеска, туку борбата продолжува и утре.

– Имаме работни средби каде јасно ќе кажеме за Општиот колективен договор: К-15 за сите, 78 проценти покачување за сите, рече синдикалниот лидер.

Потпретседатело на ССМ за јавен сектор и Претседател на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејановски праша за кој труд претставниците на Владата си ги зголемиле платите за 800 евра во најголема инфлација.

– И што добивме ние од тоа? Триесет и две години ги гледаме како исплаќаат дневници и патни трошоци, а 32 години македонскиот работник нема добиено ништо. Две илјади денари покачување на година, две илјади денари покачување на ден не е исто, 2.500 евра плата и минимална плата не е исто. Синдикална минимална кошничка од 51 илјада денари, па кој може да преживее? Кој ги прима тие плати во Македонија? Мора да се изедначиме, не може да прифатиме ништо освен истата пресметка на плата како што тие си ја земаат. Го изиграа цел правен систем со одлука на Уставен суд, покачија плати во најголемата инфлација што ја погодила нашата држава од осамостојувањето. Не можеме да преживееме за еден месец, а они се правдаат и ја правдаат одлуката на Уставен суд дека за нив можело ама за нас не можело. Мораме како работници да бидеме обединети, единствени. Верувајте се плашат од нас. Секој ден треба да излегуваме на протести за да го добиеме нашето рече Трпе Деаноски.

Тој порача дека работниците треба да бидат обединети и единствени и секој ден да излегуваат на протести за да го добијат тоа што го бараат.

Денешниот протест, рече тој, мора да биде само почеток на една голема синдикална пролет. Мора да има обединетост за да се изборат работниците за правата бидејќи сите ја напуштаат државата.

– Мора да биде ова почеток на една голема синдикална пролет, мора да бидеме обединети бидејќи нема да има кој да ги лекува и брани, кој да ги школува нашите деца, нема да има кој да пишува закони и решенија. Сите ја напуштија оваа наша напатена Македонија, заминаа да градат туѓи економии. Ќе ни воведуваат и увезуваат работници од странство, а што ни фали нас? Секаде македонскиот работник е ценет како најквалитетниот работник, само ние на нив не им чиниме. Е па не може веќе, рече претседателот на УПОЗ.

И на пратениците им порачаа дека наместо народни, „сѐ повеќе се ненародни избраници“ и дека работниците паметат сѐ што тие прават и не прават за нив.

Дојдовме јасно и гласно да ви кажеме дека нема да работиме 60-часа неделно, не ми се сликајте со шлемови и елечиња, еве ви ги, дојдете со нас во први редови заедно ќе работиме. Дојдете да видите дека не се издржува на ова сонце да се работи, како вие што мислите од вашите удобни фотелји. Како не ви е срам и арам лебот што го носите дома од потта на овој работник сега што ви ги праќа тие пораки рече Потпретседателот на ССМ за приватен сектор и Претседател на СГИП, Иван Пешевски.

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски рече дека пратениците не треба да заборават дека „од нашата пот го јадат нивниот леб и ги хранат семејствата“.

Пред законодавниот дом тој остави градежнички шлем и ги повика пратениците тие да работат 60 часа затоа што, рече, „ние се изборивме за 40“.

– За нас немаше ни 8 отсто покачување на платите. Не им го забораваме ниту Предлог-законот за 60 часа работна недела. Ако мислат дека ние сме робови и ќе гинеме на градилиштата, ги повикувам да градат со нас, повика Пешевски.

Игор Герасов од Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) додаде дека со шеесетте часа работна недела ги уназадуваат правата кои се изборени уште пред 137 години од американските работници.

– Во 19 век на денешен ден нашите колеги во Америка се организираа токму за тоа, да се намали работното време на 40 часа неделно. Нема да дозволиме во 21 век, по 150 години, македонскиот работник да го враќаат во 19 век. Ако треба секој ден ќе бидеме пред Владата и пред Собранието, истакна Герасов.

Нека разберат сите овие претставници дека нема да дозволиме преку грбот на македонскиот работник во наредниот период целата младина да ни оди во странство. Верувајте дека денешниот 1 мај е почеток за наредниот период, не се свесни каков работнички синдикален пекол ги очекува наредниот период. Заедно овде сме помоќни истакна Игор Ѓерасов, Претседател на СИЕР и Потретседател на ССМ слободни економски зони.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.