Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работењето на определено време носи ризик да останеш без работа!

Трендафилов за весникот ВЕЧЕР појаснува дека според европските директиви, работата на определено време треба да биде исклучок и таа да се практикува само во случај на замена на отсутен работник, за сезонска работа или зголемен обем на работа со ограничено времетраење. Кај нас во моментов на определено време може да се работи 5 години, а тоа не се привремени и повремени работни задачи. ССМ се залага за неопределено работно време или само една година работа на определено.

– Предолгите договори на определено време и нејасното законско решение во практиката се покажаа како услов за манипулација со работниците и можност за изигрување на работничките права.

Работодавачите го користат ова законско решение за брзо изрекување на откази без реални причини, без обврска за спроведување на постапка и исплата на испратнини. Во практиката работниците многу тешко, речиси воопшто не обезбедуваат трансформирање на работниот однос од определено на неопределено време, реагира Трендафилов

Драфт верзијата на новиот закон за работни односи, која е во фаза на јавна расправа ги загрижи работниците во Македонија. ССМ како најголем синдикат и заштитник на нивните права реагира и посочува дека во одредени ставки од законот можно е да има злоупотреба, на штета на работничките права. Од Министерството за труд и социјална политика како изготвувач велат дека со новиот закон треба да се усогласат работничките права во земјава со оние на европската директива. Оваа законска регулатива се крчка четири години, а во моментов течат јавните расправи низ земјата каде што се реагира за одредени измени. Најголем број од забелешките пристигнуваат од ССМ, особено на проблематиката со работењето на определено време. По тој повод разговаравме со Слободан Трендафилов, шеф на Кабинет на претседателот на ССМ.

Целото интервју за весникот Вечер можете да го прочитате на линкот

https://www.vecer.press/%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80.../

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.