Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРВА МЕДИЦИНСКA СИНДИКАЛНА ШКОЛА ВО ВЕЛЕС

ПРВА МЕДИЦИНСКA СИНДИКАЛНА ШКОЛА ВО ВЕЛЕС

Денеска, во Велес се одржа Првата медицинска синдикална школа на која учествуваа 100 медицински сестри, техничари, доктори и останат медицински персонал од Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Велес и тоа од Здравствен дом Велес, Итната медицинска помош, ЈЗУ Општа болница Велес, Болница за белодробни заволувања Јасеново, медицинските сестри од Детската градинка Димче Мирчев од Велес.

На школата свое обраќање имаа ДМС Олгица Мојсова Пепелашева Претседателка на Синдикалната организација на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита во ЈЗУ Општа болница Велес, ДМТ Ангел Драскачев, ДМС Благојка Наневска, Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија Љубиша Каранфиловски и Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Учесниците имаа можност да слушнат за активностите на Самостојниот синдикат за здравство фармација и социјална заштита, активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија како и да слушнат стручни предавања од областите кои што се секојдневие на вработените во здравството.

Истовремено, беше презентирана и докторската дисертација на прим. д-р. СЦИ Никола Стојановски кој што доживеа 101 година, а дисертацијата беше презентирана од Олгица Мојсова Пепелашева од Педијатрија Велес.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.