Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРЕНДАФИЛОВ НА СРЕДБА СО КЛЕР ХАРАСТИ ДИРЕКТОРКА НА МОТ ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов оствари средба со Клер Харасти, Директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, а на средбата присуствуваа и Националниот координатор на МОТ, Емил Крстановски, Наташа Мечкароска Симјаноска од канцеларијата на МОТ Скопје, Марјан Ристески, Претседател на Конфедерацијата на синдикални организации и претставници на КСС и УНАСМ.

На средбата се дискутираше за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат синдикатите во Македонија, а Претседателот на ССМ Трендафилов информираше за последните случувања со ограничувањата за склучување на нови колективни договори, за обидите за уназадување на работничките права, за тоа што не се предвидени средства во ребалансот на буџетот за зголемување и усогласување на платите, за потребата од продолжување на започнатите процеси околу подготовката на Законот за работните односи, за потребата од продолжување на работата на Економско социјалниот совет и за проблемот со обидот за конфискација на Работничкиот дом.

Поддршката на Меѓународната организација на трудот е од големо значење за синдикатите во Македонија за подигнување на капацитетите, за воведување на нови иновативни дигитални услуги на синдикатите, како и за стекнување со нови вештини на полето на колективното преговарање.

На иницијатива на Сојузот на синдикатите на Македонија се ратификувани голем број на Конвенции на Меѓународната организација на трудот, а кои претставуваат основа за заштита на работничките права во Македонија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.