- Македонски
- English
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ТРЕНДАФИЛОВ НА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ МИНЧЕВ
Тема: Подобрување на стандардот на вработените во јавниот сектор.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов придружуван од Лиле Петрова, Шеф на кабинетот денеска остварија средба со Министерот за јавна администрација Горан Минчев.
На средбата, Министерот Минчев ја потврди заедничката цел, градењето партнерски однос со сите засегнати страни и отвореност за соработка со синдикатите со цел постигнување на функционален социјален дијалог во интерес на вработените во јавниот сектор.
Министерот Минчев изрази подготвеност за одржување на социјален дијалог и информираше дека како министерство сме посветени на соработка со институциите, синдикатите и сите инволвирани страни со цел обезбедување и подобрување на стандардите на вработените во јавниот сектор.
Претседателот Трендафилов истакна дека почитувањето на колективните договори особено Гранскиот Колективен договор на УПОЗ и Општиот колективен договор за јавниот сектор треба да бидат високо на агендата на новото министерство и апелираше на потребата од решевање на предизвиците по пат на социјален дијалог со потпишување на колективни договори.
Истовремено, претседателот Трендафилов укажа на потребата од утврдување на коефициентите на сложеност за платите на вработените во јавниот сектор согласно методологијата утврдена во Општиот колективен договор со што и работниците во јавниот сектор ќе добијат пресметка на плата по методот по кој се пресметуваат функционерските плати, а тоа е просечна плата по коефициент на сложеност.
Нагласи дека единствено со колективен договор може да се изнајде решение за платите на дефицитарните кадри во јавниот сектор, за враќање на трошоците за храна и превоз, а за што ССМ и Синдикатот на УПОЗ имаат добри предлози.
На средбата се дискутираше за веќе повлечените законите за вработени во јавен сектор и законот за административни службеници од собраниска процедура, од причина што истите имаат суштински забелешки во однос на методологијата за пресметка на платите, почитување на општиот колективен договор за јавен сектор потпишан минатата година како и процентуално зголемување на платите во јавниот сектор и обезбедување на подобри услови за вработените во јавната администрација.