Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ НА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА CESP

Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа работен состанок помеѓу претседателот на ССМ, Дарко Димовски и престедателот на Европскиот совет на полициски синдикати (CESP), Рикардо Валадас, а на состанокот присуствуваше и Генералниот секретар на CESP, Јесус Лира Калво.

На состанокот се разговараше за состојбата на полициските службеници во Македонија и Европа, за предизвиците пред кои се исправени полициските службеници особено поради паднемијата предизвикана од Ковид - 19, правата на полициските службеници, соработката помеѓу синдикатите и др.

CESP е организација на Советот на Европа каде членуваат полициски синдикати од 15 земји и каде Македонскиот полициски синдикат е полноправна членка.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.