Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски со колегите од Синдикат за градежништво - СГИП во посета на Струмица

Денес во просториите на ЈП Национални Шуми - Подружница Беласица од Струмица, Претседателот и на СГИП, Иван Пешевски оствари средба со Раководителот на подружницата Васил Коцев на која се дискутираа предизвиците и проблемите на вработените.

На состанокот учествуваа и претседателот на ССМ, Дарко Димовски и секретарот на канцеларијата на ССМ во Струмица, Бранко Георгиев.

СГИП како единствен репрезентативен синдикат за вработените обезбеди исплата на К-15 кој веќе е исплатен на вработените во подружницата, а продолжува и понатаму секојдневно се бори за вработените и проблемите ги решава единствено по пат на дијалог и колективен договор.

Оваа подружница е од особено значење за претпријатието и брои повеќе од 68 вработени. Продолжуваме во борбата за поголеми и достоинствени плати како и здрави и безбедни услови за работа.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.