- Македонски
- English

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СЕКЦИЈА НА ЖЕНИ ИВАНА ДИМИТРОВА УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ЖЕНИТЕ НА ПЕРК ВО СОФИЈА

Претседателката на Секцијата на жени при Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Ивана Димитрова, учествуваше на Конференцијата на жените на Паневропскиот регионален совет (ПЕРК), која се одржа на 8 и 9 октомври во Софија, Бугарија.
Конференцијата обедини синдикални претставнички од 25 земји од Европа и Азија, со цел размена на искуства, зајакнување на меѓународната синдикална соработка и унапредување на правата и положбата на жените во светот на трудот.
Во фокусот на дискусиите беа предизвиците со кои се соочуваат работничките во различни земји, особено насилството, дискриминацијата и нееднаквоста на работното место, како и потребата од посилно синдикално дејствување за нивно надминување.
Учеството на Ивана Димитрова е дел од активностите на ССМ за унапредување на положбата на жените работнички, заштита на нивните работнички права и зајакнување на улогата на жените во синдикалните структури и процесите на одлучување.
ССМ останува посветен на борбата за еднакви можности, достоинствени услови за работа и работни места без насилство и дискриминација, преку солидарност и соработка со синдикатите на европско и меѓународно ниво.
Заедно за поголеми права, еднаквост и достоинство на секоја работничка!
#ССМ #СекцијаНаЖени #ПЕРК #РаботничкиПрава #Еднаквост #Синдикат