Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Денес во просториите на Општина Македонска Каменица, се потпиша Колективниот договор за вработените во Општина Македонска Каменица.

Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски (по овластување од Претседателот на Синдикатот Трпе Деаноски) и претседателот на Синдикалната организација при Општина Македонска Каменица Миран Митревски од едната страна и Градоначалникот на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски од другата страна.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Македонска Каменица и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата. 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.